Мицковски бил лут што ни се случува а тоа и лично го осетил кога се заразиле неговите родители

Луѓето чекаат за медицинска нега по ходиници или наидуваат на празни ходници веројатно зошто луѓето се на интервенции кај пациентите. Менаџмент со здравствените институции нема, нема кревети, нема медицински лица доволно – рече Мицкоски.

Тој потсети дека неговите родители биле болни од ковид-19 и бил сведок на лошото менаџирање. – Многу сум разочаран, а воедно и лут за сето ова кое што се случува денеска во нашава држава. Зошто? За тоа што најпрвин јас тоа го почуствував на моето семејство и знам точно како и со што се справуваа моите родители, мојата мајка, мојот татко. Но фала му на бога и двајцата ја преживеаја оваа би рекол тешка пандемична ситуација која што се случува во Македонија – рече Мицкоски.

 

Сепак медиумите тогап јавуваа дека и двајцата родители на Мицковски заразени од ковид 19 се лекуваат во приватната болница Систина а не во клиниките на јавното здравство

Back to top button
Close