Мицковски добил над 50 000 евра од буџетот за помалку од две години,објави СДСМ

Пратеникот Каевски на прес конференција обвини дека вистинските паразити се во редовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Мицковски.

Еве кои се вистинските паразити од ВМРО-ДПМНЕ  рече Каевски и додаде дека прв и главен меѓу нив е кој ако не нивниот шеф Христијан Мицкоски.

Мицкоски како најнеуспешниот директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра. Но тоа не е прв случај каде Мицкоски се богател од парите на граѓаните. Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра или за вкупниот ангажман Мицкоски добил околу 20.00 евра пари од граѓаните. Тоа е потврдено и со официјални документи.

И сето ова се случуваше во периодот кога цената на струјата се зголеми за 100 отсто без при тоа да има каква било светска криза, во период кога не се изгради ниту еден сериозен енергетски капацитет. Еве почитувани, кои се вистинските паразити. Дали од овие народни пари, Мицкоски си изгради хидроцентрала и основаше компании? Во наредните денови јавноста ќе дознае и за други лица, блиски соработници на Мицкоски кои паразитски се богателе на сметка на граѓаните рече Каевски на прес конференцијата.

Back to top button
Close