Мицковски – На Сиљановска и е редот да оди во Хаг,јас бев во Вашингтон. Бугарија прави егзибиции наместо Радев го праќа Жељазков и средбата „виси“

Претседателот на Европскиот совет прати предлог, ние веднаш го прифативме, да седнат двајцата претседатели, фасцилитирани од страна на ЕУ, за време на настан, во кој сме рамноправни и едните и другите. Е, сега таму гледаме една егзибиција, можеби е таков начинот на функционирање на бугарската политичка сцена. На Самитот во Вашингтон присутен беше премиерот, каде бев јас. Логично е да ротираат претседателот и премиерот, барем таква е праксата, затоа оваа година таму е претседателката Сиљановска-Давкова и логично беше од страна на Бугарија да биде испратен претседателот и тој беше најавен, во последен момент е испратен премиерот“, вели премиерот

Ако има каква било иницијатива за средба меѓу претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и бугарскиот премиер Росен Желјазков на претстојниот Самит на НАТО во Хаг, тоа треба да се прифати, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека тој нема да присуствува на истиот самит, затоа што, според ротацијата, сега на ред е претседателката, откако тој присуствуваше на последниот Самит на НАТО во Вашингтон.

Тој додаде дека ќе побара состанок со претседателката Сиљановска-Давкова, со цел со неа да разговара на оваа тема.

„Ако има каква било иницијатива за средба на ниво претседател–премиер тоа треба да се прифати без разлика што јас нема да бидам таму, тоа е мојот став и убеден сум дека тоа ќе биде став и на претседателката. Мора да бидеме проактивни и да покажеме дека не е тоа тоа што се зборува, да покажеме дека неколку стотини наши граѓани, кои за себе велат дека бугарскиот им е мајчин јазик, дека тоа не е проблемот, туку има многу поголем проблем, тоа е политика стара децении, тоа е стратегија која се пишувала, говорела, внимателно се создавала и без квинслинзи овде кај нас, не можела да се спроведе. За жал такви имаше во минатата влада“,рече тој.

Мицкоски напомена дека иницијативата за средбата на маргините на Самитот пристигнала од претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, како и дека македонската страна веднаш ја прифатила.

Според првичните најави, како што рече, Бугарија во Хаг требало да ја претставува Радев.

„Претседателот на Европскиот совет прати предлог, ние веднаш го прифативме, да седнат двајцата претседатели, фасцилитирани од страна на ЕУ, за време на настан, во кој сме рамноправни и едните и другите. На тој состанок имаше идеја да присуствува и генералниот секретар (на НАТО) Руте, претставници од американската администрација и да ги вкрстиме аргументите. Е, сега таму гледаме една егзибиција, можеби е таков начинот на функционирање на бугарската политичка сцена. На Самитот во Вашингтон присутен беше премиерот, каде бев јас. Логично е да ротираат претседателот и премиерот, барем таква е праксата, затоа оваа година таму е претседателката Сиљановска-Давкова и логично беше од страна на Бугарија да биде испратен претседателот и тој беше најавен, во последен момент е испратен премиерот“,вели Мицкоски.

Back to top button
Close