Мицковски- Не се откажувам, не ја изневерувам Македонија

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски од струшкото село Ташмаруниште каде што со сопартијци го чествува Илинден со порака до бивши сопартијци кои по поразот на предвремените парламентарни избори му побараа да замине од челната позиција и го потсетија дека ова се трети избори по ред кои ги губи партијата од кога е тој на чело.

-Ова е натпревар кој се игра до последната минута, па така е и со формирањето на владата. А знам дека по овој натпревар кој го играме со целото срце, и внимавајќи на честа и угледот на ВМРО и државата, ќе дојдат и други, на кој ќе победиме, затоа што само така ќе бидеме први. А нашата победа е заедничка. И јас сите вас ќе ве разочарам ако се откажам сега, и така ќе ве разочарам од прв до последен, а уште поважно ќе ја изневерам Македонија. А јас не сум тоа. Никогаш нема да ве разочарам ниту да ја изневерам државата. И затоа ние уште посилно ќе се бориме за нашата заедничка иднина. Апостолот Гоце Делчев велеше да ја бараме вербата за успех во себе и во другите, ако ја има да ја разбудиме, ако ја нема да ја создадеме, им порача Мицкоски.

Back to top button
Close