Мицковски нема да бара одговорност од Меџити оти наместо на пожарот во Трубарево си митингуваше во Чаир.ДУИ и СДСМ веднаш „лешинареле“
Премиерот Христијан Мицковски прашан во интервјуто на тв Сител за отсуството на министерот за животна средина вицепремиерот Изет Меџити во Трубарево на катастрофалниот пожар туку си терал изборен митинг како кандидат за градоначчалник на скопската општина Чаир одговори само со една реченица „Јас со вицепремиерот во време на пожарот се слушав на телефон“ и веднаш за да не остави место за потпрашања се нафрли со напад на Бујар Османи кој е сега во политичка битка со Меџити за местото иден градоначалник на Чаир и за опозицијата која тргнала да ги напаѓа веднаш.
Премиерот рече дека Османи веднаш искористил да го нападне Меџити ама не кажал дека на депонијата Дрисла која исто така деновиве гореше директор е кадар на ДУИ. Без да одговори ќе го казни ли Меџити тој продоли со напади на опозицијата односно СДСМ и ДУИ дека пожарите ги користат за политики поени но дека тие ќе се борат и ќе победат.
Мицковски несакаше да одговори за „хибридните напади“ од странски и домашни центри со одговор дека кажал тоа што имал да каже и тоа било врз основа на проверени индиции и повтори дека тие центри нема да престанеле за да и наштетат на успешната влада која тој ја предводи.
Им порача на граѓаните да не се плашат од хистеријата која ја пири опозицијата и некои еколошки здруженија дека чадот од пожарите и од Дрисла и од Вардариште и оној најголемиот во Трубарево е токсичен и канцероген. Премиерот вели дека податоците од испитувањата покажале дека не се работи за токсични и канцерогени отрови во воздухот и дека се сите за пофалба што пожарот на фабриката за рециклирање на одпад во Трубарево го изгаснале за 30 часа наместо како што вообичаено биле потребни најмалку 7 дена.