Мицковски од Пробиштип: На 15 јули да излеземе масовно, да заокружиме за онаа Македонија која ја сакаме

Знам и свесен сум дека сте одлучни да ги поразиме убедливо и да ја донесеме Македонија онаму каде што и е местото кај народот, поентираше лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски на средбата со граѓани во рударскиот град Пробиштип.

Мицковски истакна дека изминатите години во опозиција работеле напорно и тоа, како што рече, само за Македонија, а токму тоа бил нивниот мотив, нивното се.

-Затоа јас ви ветувам, стојам пред вас овде во Пробиштип и ве гледам во очи и ви ветувам , после 15 јули никој нема да шефува, ниту пак да владее со Македонија, туку тој што ќе ја има привилегијата да управува со Владата ќе работи заедно со народот и за интересите на народот. Заврши времето на политичари елитисти, доаѓа време кога политичарите, коишто одлучиле да се приклучат на обновата ќе бидат овде со вас на овој плоштад ќе слушаат што народопт има да каже и тооа што го говори народот, тоа ќе бидат политиките на идната Влада, рече Мицковски.

Забележа дека на овие избори ќе ја остварат најубедливата историска победа, а се осврна и на програмата „Обнова“, на која што работеле експерти.

-На 15 јули да излеземе масовно, да заокружиме за онаа Македонија која ја сакаме. Од првиот настан од Охрид па до овде се чувтсвува енергијата, за обновата, но она што е важно да престанеме да се понижуваме Вратете ја насмевката на вашите лица и она што е најважно е останете здрави, рече Мицковски.

Пред граѓаните на Пробиштип се обрати и носителот на листата за пратеници во Изборна единица 3, Игор Јанушев. Според него по 16 јули доаѓа времето на обновата на македонија и зато ги повика граѓаните на 15 јули да излезат референдумски уште со отварањето на гласачките места.

-Но затоа ви даваме збор, аманет за нас дека во следните четири години ќе работиме интензивно и напорно да го вратиме македонското национално достоинство, онаму каде што му е местото, да не бидеме повеќе граѓани од втор ред во сопствената држава. Македонецот да биде човек, граѓанин на оваа држава со високо подигната глава и исправена кичма , истакна Јанушев.

ВМРО ДПМНЕ традиционално, како и на претходните избори, така и сега, кампањата за предвремените парламентарни избори ја завршува вечерва со собир на граѓани во Штип.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close