Мицковски пак го вика Заев на лидерска да договореле резолуција за идентитетот и јазикот

Владата треба заедно со другите партии да седнат на лидерска средба и да ги забетонираат позициите за заштита на идентитетот и јазикот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на Сител.

– Зошто не седнеме на лидерска средба, зошто да не и олеснеме на Владата,  зошто не ги забетонираме нашите преговарачки позиции со еден заеднички документ кој што ќе го усвоиме заедно во Собранието. Тие го велат тоа,  ние го велиме тоа, ајде во Собранието да изгласаме една таква резолуција на која што ќе ги забетонираме позициите на Владата –  истакна Мицкоски.

Тој додаде дека така ќе биде полесно и на Владата, или пак на некоја друга влада која што можеби наскоро ќе седне на тие позиции да преговара.

– Затоа ако немаат они проблем и ако е бетониран идентитетот и јазикот тогаш ајде да седнеме на таа лидерска средба. Да го договориме тоа, да влезе во Собрание, да се испреговара и заеднички да излеземе на тие преговори, тоа е суштината. Тоа е она кое што го бараме уште од минатата година, ноември месец, кога зборувавме за тие предвремени параламентарни избори. Уште тогаш зборував за лидерска средба и уште тогаш зборував за меморандум со кој што ќе бидат дефинирани црвените позиции на македонската преговарачка страна. Но за жал тогаш не убедуваа дека таквиот однос кај нашиот источен сосед било поради тоа што си ги зацврстувале позициите пред тогашните локални избори. Но, се виде дека тоа не било така. Туку денеска тоа е изговор на политичарите кај нашиот источен сосед и велат имаме меморандум поддржан со акламација од страна на сите политички партии и ние немаме многу простор да се движиме полево и подесно –  рече Мицкоски

Back to top button
Close