Мицковски- Пендаровски е партиски полтрон на функцијата председател на државата

Стево Пендаровски изминатиов период се однесува како аналитичар без да презема конкретни чекори, обвини денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по годишното обраќање на шефот на државата во Парламентот.

– Често ќе го видите во јавност како ќе се залета па кога ќе добие по чело ќе ретерира 2-3 чекори назад, затоа што не му е важно дали ќе биде допадлив за народот, туку дали ќе биде допадлив за владата на ДУИ и СДСМ од која очекува поддршка за следен мандат – изјави Мицкоски при посетата на општина Аеродром, одговарајќи на новинарско прашање за работата на Пендаровски и неговото обраќање во Собрание.

Мицкоски истакна дека никаде нема да видите како Пендаровски прави нешто за да се гарантира безбедноста во Македонија.

– Државата тоне во инфлација, криминал и корупција, здравството е катастрофа, учениците немаат учебници, дојави на бомби секој ден, а тој се иззема од одговорност иако има цела агенција за разузнавање под негова ингеренција. Не сум слушнал никаков коментар, освен што ја следат опозицијата и мене лично дали воопшто прават нешто за да ја обезбедат безбедноста на граѓаните и Македонија, неговите кадри поставени во агенцијата за разузнавање – потенцира Мицкоски

Мицкоски нагласи дека Стево Пендаровски е срам за функцијата која ја врши и тој е ништо повеќе од партиски полтрон на позицијата претседател на Македонија.

Back to top button
Close