Мицковски се шокирал од најавата на Заев дека ке се брише бугарски фашисти од учебниците

Мицкоски вели дека кога ќе дојде промената на власт, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги врати историските факти во учебниците од кои премиерот најави дека ќе се брише зборот „бугарски“ пред „фашистички окупатор“

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека изјавата на премиерот Зоран Заев дека во учебниците ќе се брише зборот „бугарски“ пред „фашистички окупатор“ е скандалозна. Тој вели дека Заев треба да им го објасни тоа на семејствата на оние што животите ги загубиле во Треблинка, а за Бугарија порача дека наместо да бара бришење на учебниците, треба да му се извини на народот.

„Шокантна е изјавата на премиерот Заев. Нека оди и нека им го каже тоа на внуците, синовите и ќерките на луѓето што своите животи ги загубија во Треблинка, притоа уапсени и ставени во вагони од страна на раката на бугарскиот фашистички окупатор. Нека оди на нив нека им објасни кои соработувале, а кои не соработувале. Шокантно. Веднаш, при промената на власт, ние не сме талибанци да бришеме историски факти, ќе ги вратиме тие историски факти онакви какви што ги признава светската историја. Тие биле фашисти, ни сме се бореле против тие фашисти. Наместо да бараат да бришеме учебници, треба да дојдат овде и да му се извинат на овој народ“,рече Мицкоски.

 

Back to top button
Close