Мицковски: Талат може да се дере ама никој не му се плаши

Талат е одговорен да спроведе хармонија во Собранието, и Собранието да биде функционално. Ако не знае нека си даде оставка и нека замине, има кој знае – нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека однесувањето на Талат Џафери не му прилега како претседател на Собрание.

– На лидерската се договоривме дека сите закони кои што се однесуваат на реформскиот процес, се однесуваат на поддршка на стопанството, граѓаните, борба против пандемијата, сите закони, претходно ќе бидат на маса на преговарачки тимови помеѓу опозицијата и власта. Не само ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, и коалиција на Алтернатива и Алијанса, и Левица итн. Кога тие ќе имаат убедлива победа на избори и ќе имаат 80-90 пратеника поддршка, тогаш можат вака да се однесуваат. Со 60 – 62 ќе седат и ќе разговараат со опозицијата и тоа е улогата и на Талат Џафери, ако не ја знае. Таа му е улогата. Да, тешко е, но за тоа имаш привилегија да те возат од одма секое утро и да те собираат од одма и да те развозуваат со ротациони возила – истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Џафери неместо да вика по пратениците во Парламентот и да покажува фрустрации, треба да најде решение.

– Никој не му се плаши. Ако мисли дека некој му се плаши, никој не му се плаши. Со дерење таму никој не му се плаши и треба да знае – рече Мицкоски.

Back to top button
Close