Мицковски за 360 степени: Oд предвремени избори не се откажуваме


ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето за предвремени парламентарни избори, но во услови на криза одлучивме да водиме поинаква политика – политика на решенија наместо на конфронтации со власта, рече лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Според Мицкоски, изборите остануваат приоритет за него и неговата партија, но проценката им е дека во моментов граѓаните имаат други приоритети.
„Ценам дека во овие тешки моменти како политичари и како луѓе не треба да бидеме надвор од реалноста, бидејќи реалноста е тешка и мачна за нашите сограѓани, донесовме одлука да имаме поинаков пристап. Да бидеме пред се хумани. Ќе сочувствуваме со луѓето и ќе се понудиме со нашите решенија и политики да им олесниме“, изјави Мицкоски.
Притоа, вели тој, не подадовме рака на Владата, туку на граѓаните и државата и додава дека пред состанокот со премиерот и владиниот тим за состојбите во енергетиката, претходеле средби на опозицијата со стопанските комори, на кои констатирале дека бизнисот и компаниите имаат проблеми.

„Кога гледате дека живеете во општество со многу пробелми, да продолжите да го политизирате тоа општество дополнително, оценивме дека не е многу умен потег“,рече Мицкоски.

Back to top button
Close