Мицотакис и Ердоган ќе се сретнат утре во Њујорк


Билатералните односи, мигрантското и кипарското прашање, според грчките медиуми се очекува да бидат темите на средбата на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган што ќе се одржи утре во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ќе ги оцениме работите по средбата и во длабочина ќе ги видиме прашањата. Во едно многу турбулентно време и кога на Блискиот Исток се создава криза, фактот што можеме да разговараме за сите овие прашања е позитивно достигнување. Има позитивно влијание врз позитивната агенда, дури и за прашањата за кои не се согласуваме да не доведат до ескалација на теренот, рекол висок владин извор грчката новинска агенција за АНА-МПА.

Во однос на кипарското прашање владиниот извор објаснил ќе го покрене грчката страна и дека „постои умерен оптимизам за продолжување на разговорите“, додека пак за мигрантскиот проблем рекол дека Атина изразува задоволство од нивото на соработка со Турција по ова прашање.

-Сè додека криумчарите ги прилагодуваат своите методи, треба да бидеме во состојба на готовност и да го зголемиме нивото на соработка со Турција, објаснил владиниот извор.

Според истите информации на средбата Мицотакис-Ердоган ќе присуствуваат и шефовите на дипломатиите на двете земји.

На маргините на Генералното собрание на ОН, утре ќе се одржи и трилатерална средба Грција – Кипар – Франција

Back to top button
Close