Мицотакис и Ердоган се согласиле да не се повторат тензиите од 2020 година

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на нивната вчерашна средба во Брисел се согласиле дека и покрај дијаметрално спротивните позиции на двете земји за различни теми, дека во 2021 година не треба да се повтори тензијата од 2020 година, соопшти портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, јави дописничката на МИА од Атина.

На редовниот брифинг со новинарите, Пелони објасни дека Мицотакис и Ердоган се согласиле дека е позитивен фактот што имаат директен контакт и што се активирани сите постоечки канали на комуникација.

Паралелно, изразиле задоволство за позитивната агенда што содржи 25 точки, а на кои работат замениците министри на двете земји.

-Кирјакос Мицотакис истакна дека се надева на почести контакти на сите нивоа, вклучително и на највисоко, за да се изградат мостови на доверба што ќе бидат во корист на двете земји. Несогласувањата, очигледно остануваат, и покрај позитивното расположение што беше констатирано. Останува да се види во пракса дали ова расположение ќе се покажа како суштински чекор во подобрувањето на односите, рече Пелони.

Back to top button
Close