Мигрантот пронајден на депонијата Неготино починал од каснување на змија

Вчера во близина на неготинското село Дуброво, кај градската депонија Неготино полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, пронајдоа тело на починато машко лице, на возраст од 25 до 35 години.

На телото немало видливи траги на насилство, а првичните наоди од обдукцијата укажуваа дека младото момче починало од каснување на отровна змија, пренесува „Слободен печат“.

Починатото лице најверојатно било мигрант.

Back to top button
Close