Михајловиќ: Бев во малцинство во владата како некој кој се залага Србија да биде на западот, а не на истокот

„Не се согласив да бидам пион, затоа сме денес овде. Секогаш му велев на попот дека е поп”, изјави Зорана Михајловиќ на прошталната прес-конференција, по повод нејзиното излегување од Владата на Србија.

Таа во видно емотивна состојба нагласи дека местото на Србија е на Запад, во Европа и во ЕУ, дека лично ќе и биде полесно да не гледа луѓе кои „го користат СНС како џубокс за збогатување”, и дека веројатно и на нив ќе им биде полесно.

-Претседателот многу добро знае каде треба да одиме и какви одлуки треба да донесеме. Таму бев во малцинство како некој што се залага Србија да биде на запад, а не на исток, но тоа не значи дека ние што сме во малцинство не сме во право. Не знам колку нашата нова влада е проевропска, но е просрпска. За моите конкретни планови ќе почекаме неколку месеци, рече вицепремеирката и министерка за енертика и рударство во заминување, Зорана Михајловиќ.

„Работевме да ја вратиме енергетиката на местото каде што навистина припаѓа. Без разлика на сите наши напори, некаде ми се чини дека Путин ја врати енергетиката во центарот на настаните. Се чини дека требаше да се случи агресијата врз Украина за да сфатиме дека енергетиката е важна”, изјави таа и му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

-Имавме приватен разговор и не сакам да го пренесувам. Мислам дека нема да му биде лесно, но мислам и дека ќе има една главоболка помалку. Затоа, тој повеќе нема да има ниту еден единствен поинаков тон од владата што го имаше до сега, рече Михајловиќ.

Таа исто така додаде дека ќе има време за приказни за понатамошни планови, „а особено за она што се случуваше во последните две години”.

По вчерашната седница на Претседателството на СНС, одлучено е Михајловиќ повеќе да не биде дел од Владата на Србија. Таа е министерка од 2012 година, кога СНС ја презеде власта.

Back to top button
Close