Михајловска: На државава не и треба закон за легализација, туку закон за урбанизација

 

 

На државава не и треба закон за легализација, туку закон за урбанизација, посочи архитектот и член на асоцијацијата на архитекти Искра Јанковска Михајловска, во вечерашната Топ Тема со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, во која тема е новиот закон за легализација на бесправно изградени објекти.  Јанковска Михајловска смета дека потребна стратегија базирана врз детални бројки, бидејќи и легализација за 1 евро за метар квадратен, според стариот закон не направи ништо за да ги спречи дивоградбите.

-Значи еден закон за урбанизација каде што ќе има опширни анализи на општини, да се направат точни бројки, со број на социјални семејства, видови на објекти кои се нелегални… И со тој закон да се види што може да се легализира, а што не. Нешто ќе мора и да се сруши веројатно. Едноставно не може сите да бидат во еден кош, вели Јанковска Михајловска.

Back to top button
Close