Михаел Рот утре доаѓа во дводневна посета на Скопје
Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, утре доаѓа во дводневна посета на Скопје, каде што домаќин ќе биде вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, утре доаѓа во дводневна посета на Скопје, каде што домаќин ќе биде вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Посетата се случува во светло на јунскиот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, каде што Рот ја претставува Германија, и во тој контекст акцентот на разговорот со Димитров ќе биде на надминувањето на предизвиците и изгледите за усвојување на преговарачката рамка, со цел одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.
„Со оглед на гласниот и активен ангажман на Германија за време и по претседавањето со ЕУ, оваа посета претставува продолжение на германските напори за заеднички пробив на европскиот пат на Северна Македонија. На состанокот ќе се дискутира и за иднината на Берлинскиот процес и самитот што е предвиден да се одржи во Берлин годинава, како и за други теми и прашања поврзани со европската перспектива на земјата и регионот –се вели во соопштението на Секретаријатот за европски прашања.