Мик Шумахер преоѓа во „ендуро“, но останува резерва во Мерцедес


Германскиот возач, 24–годишниот Мик Шумахер, следната сезона ќе вози во Светското ендуро првенство за екипата Алпин, но во истовреме ќе остане и резервен возач на Мерцедес во Формула 1.

Шумахер ќе биде еден од шесте возачи на Алпин кои ќе ги возат нивната два А424 Хиперкар модели.

„Среќен сум и благодарен што следната сезона ќе бидам резервен возач на Ф1 тимот на Мерцедес. Добро е да си поврзан со овој голем тим“, објави на социјалните мрежи синот а седумкратниот светски првак во Ф1 Михаел Шумахер.

Мик Шумахер во текот на 2021 и 2022 возеше во Формула 1 за Хас, а од оваа сезона има улога на резервен, трет, возач на Мерцедес.

Back to top button
Close