Мики Рурк и Роберт де Ниро скарани веќе 30 години

– Многумина веќе заборавија, а некои и не се сомневаат дека Мики Рурк и Роберт де Ниро се мразат уште од 1987 година… И во 2020., тие искри повторно летаа меѓу нив двајцата.

Пред речиси 34 години, тие заедно глумеа во трилерот „Ангелско срце“. Де Ниро е речиси 10 години постар од Рурк. Кога Рурк тукушто ја започнуваше својата актерска кариера, Де Ниро веќе беше суперѕвезда со „Кум 2“, „Таксист“ и „Ловец на елени“. До 1987 година, самиот Мики беше миленик на милиони гледачи, но тој го почитуваше Де Ниро и беше воодушевен што ќе соработува со него. Сепак, Де Ниро одби да комуницира со младата sвезда во подем.

Последно што Рурк откри, е дека Де Ниро го терал „да му се потпикнува“ и нему и на режисерот на „Ангелско срце“. Ова, според многумина, се должи на методот на работа на Роберт де Ниро – тој се обидува да остане „во улогата“ и зад сцената. Но, Мики Рурк беше навреден од тоа.

Тој неодамна за медиумите изјави дека Мартин Скорсезе сакал да го ангажира за улога во филмот „Ирецот“. Сепак, тоа не се случило бидејќи Роберт Де Ниро одбил да снима со него.

Како одговор, Де Ниро рече дека Мики Рурк не ја зборува вистината и дека никогаш не бил консултиран за улогата во „Ирецот“. Реакцијата на Мики Рурк не се чекаше долго. Тој на Инстаграм објави напис полн навреди кон неговиот колега, нагласувајќи дека ова е првпат во неговата кариера некој да го обвинува за лага.

Back to top button
Close