Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е известена дека Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради зголемено ниво на пестициди. Како што ијзави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, се чека одлуката дали количините ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла.
-Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјдоелство да ја уништиме по негово барање или по барање на земјата увозник. Известени сме за конкретниот слуај, чекаме да видиме дали ќе бдие уништена во Бугарија или ќе биде вратена тука, па операторот ќе ја уништи на Дрисла, изјави Mиланов, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Министерството за здравство.






