Милески од ЛДП најавува дека ќе излезе од владината коалиција ако биде прифатен францускиот предлог

 

Лидерот на ЛДП Горан Милески најави дека ќе излезе од Владата доколку биде прифатен францускиот предлог.

– Доколку Владата го прифати францускиот предлог таков каков што е, најавувам дека ќе си поднесам неотповиклива оставка од член на Владата. Ќе направам се што е во моја можност да ја спречам бугаризацијата на нашата историја, напиша попладнево Милески на „Фејсбук”.

Back to top button
Close