Милев очекува успешен настап на македонските одбојкари во Европската лига


Македонската машка одбојкарска репрезентација во мирна и работна атмосфера се подготвува во Струмица за претстојните натпревари во Европската Златна лига и евро-квалификациите во август.
Одбојкарот со најдолг стаж во македонската репрезентација, Владо Милев, е свесен за предизвикот и размислува позитивно пред претстојните обврски на меѓународната сцена.
„Имаме спој на младост и искуство и преку Европската Златна лига треба да ја темпираме формата за квалификациите за ЕП во август. Тука сме да одиграме квалитетни натпревари, да се надигруваме и да оствариме и некаков резултат. Имаме доволно време и простор, и услови да се подготвиме што е можно подобро и оваа година да имаме успешен настап во Европската лига, да направиме и чекор погоре, ако е можно, и што поподготвени да ги дочекаме евро-квалификациите. Доколку имаме можност зошто да не размислуваме и за Ф4 во Златната лига, но да одиме чекор по чекор“, заклучува еден од предводниците на нашата репрезентација, Владо Милев.
Македонските репрезентативци првата фаза од подготовките за Европската Златна лига 2025 ќе ја одработат во Струмица, а потоа патуваат за Марибор, каде на 24 и 25 мај ќе играат пријателски натпревари со Хрватска

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close