Милевски: Не сме се потпишале на списокот за ново парламентарно мнозинство

Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, изјави дека потписи на ЛДП нема и нема да има на списокот за формирање ново парламентарно мнозинство, составено од ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса за Албанците, Левица и Беса.

– Потписи на ЛДП нема на списокот, нема ни да ги има. Јас не можам да коменирам за се што се зборува, рече Милевски во изјава за ТВ21.

Претпладнево, пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд во изјава за ТВ Алсат го потврди ставот дека го повлекува својот потпис за постигнување на ново парламентарно мнозинство, поради учеството на Левица во договорот за рушење на владата.

Back to top button
Close