Милевски: Саудиска Арабија е предизвик за сите наши играчи
Најдобра македонска фудбалска репрезентација пристигна Прага и на стадионот на Викторија Жижков тренира во пресрет на утрешниот натпревар со Саудиска Арабија. Ова е пријателски натпревар, а селекторот Благоја Милевски и неговиот тим му пристапуваат со максимална сериозност, бидејќи за неколку дена следи многу поважниот квалификациски натпревар против Лихтенштајн.
– Очекувам секој поединец да го даде својот максимум и да се наметне во зголемувањето на конкуренцијата во тимот. Сакам да видам дека Македонија може, дури и преку оние кои имаат помала минутажа, играчи кои бараат нови средини или подоцна го решија својот клупски статус. Се надевам дека тоа нема да се одрази на нивната физичка подготвеност. Најважно ми е сите да бидат здрави. Саудиска Арабија е редовен учесник на Светските првенства и го гледам дуелот како еден предизвик за сите наши играчи. Мислам дека сите кои ќе настапат, ќе бидат во функција на она што не очекува во недела, тоа е дуелот со Лихтенштајн, изјави Милевски.
Натпреварот во Прага утре почнува во 17 часот.