Милик е подготвен да замине во Јувентус, Наполи е многу незадоволен од него

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик постигна прелиминарен договор за преселба во Јувентус, тврди „Калчомеркато“.
Самите неаполитанци не сакаат да го продадат полскиот напаѓач на конкурентите и сметаат на успешни преговори со други понудувачи – Тотенхем и Атлетико.
За Милик, Наполи бара 40 милиони евра.
Се претпоставува дека при евентуален трансферот во Јуве, во замена за Милик, Наполи ќе добие пари и двајца играчи.
Во сезоната 2019/20 година, 26-годишниот Милик настапи на 27 натпревари и постигна 13 голови.