Милков: Отворањето конзулат во Северна Македонија е „сложена и политичка работа“

Бугарскиот вршител на должност министер за надворешни работи, Николај Милков синоќа нагласи дека отворањето конзулат во Република Северна Македонија „е сложена и политичка работа“.

Неговата изјава беше дадена како одговор на прашање на пратеник на седница на собраниска Комисија за надворешна политика во бугарскиот Парламент.

-Тоа е сложена и политичка работа. Треба да се разговара со тамошните власти. Немаме намера да излеземе со таква одлука. Таков потег нека преземе редовната влада, потенцира Милков.

Во однос на генералниот конзул во Битола, министерот Милков објасни дека неговиот мандат истекува на 15 јануари.

-На негово место ќе има привремен вршител на должност, бидејќи македонската страна во оваа фаза нема издадено егзекватура за нашиот нов генерален конзул, кој одамна е решен да си замине. Таа работа се прави со месеци, објасни Милков. з

Back to top button
Close