Милнер: Со оваа форма не можеме да ја одбраниме титулата

 Играчот од средниот ред на Ливерпул, Џејмс Милнер ги предупреди своите соиграчи дека падот на формата по продолжението на англискиот фудбалски шампионат не треба да се пренесе за следната сезона, ако „црвените“ сакаат да ја одбранат титулата во Премиер лигата.

На прашањето дали Ливерпул повторно би влегол во долга победничка низа, Милнер во интервју за веб-страницата на клубот рече: „Треба да си ја вратиме таа форма. Уживавме во победничката низа, бидејќи знаеме колку е тешко да се освојат трофеи. Бевме многу силни. но, исто така, имавме среќа, без неа не можете да извојувате толку многу победи за една година“.

Тој додава дека тимот има точно две недели да ужива во титулата, а потоа треба да почне се од почеток.

– Мора да завршме многу работа и да бидеме уште подобри на теренот. Следната сезона нема да биде доволно за да бидеме на нивото во кое сме сега, посочи халфот.

Милнер е трикратен англиски шампион, откако има две титули и со Манчестер Сити.

Back to top button
Close