Милош Вучевиќ e кандидат за премиер на Србија – Вучиќ им ја соопшти одлуката на граѓаните

Милош Вучевиќ досега ја извршуваше функцијата министер за одбрана, а претходно и градоначалник на Нови Сад. Тој го наследи Вучиќ на функцијата претседател на СНС, а на таа функција беше избран во мај минатата година, додека на премиерската функција ќе ја наследи Ана Брнабиќ, која сега е претседател на српското Собрание.
Тој е еден од најверните луѓе од партијата на Вучиќ, а јавноста го поврзуваше и со братот на претседателот на Србија и член на Извршниот одбор на СНС – Андреј Вучиќ, пренесува „Данас“.
„За „газдата“ е подготвен на се, па дури и да поднесе две кривични пријави и двата пати кога опозицијата го поврзуваше претседателот на Србија со криминални афери. Приговор поднел и против Андреј Вучиќ. Дека во иднина би можел да се најде на премиерската позиција веќе беше посочено кога Вучевиќ беше назначен за вицепремиер на Владата на Србија и министер за одбрана“, пишува „Данас“