Милошоски ја критикува власта за амбасадорите што тој ги блокира

Милошоски ги критикуваше и изјавите од  преставници на Владата дека Македонија добила преговори со Унијата, кои се базираа на одлука на лидерите на ЕУ, а се уште не се материјализираа поради ветото на Софија. Тоа беше причина тој да оцени дека кадрите на владеечката коалиција во надворешната политика се искомпримитирани, вклучувајќи го тука и министерот за надворешни работи Бујар Османи кој претходно беше одговорен за ресорот евроинтеграција. Патем во времето на Милошоски како шеф на дипломатијата никој речиси не доаѓаше во посета на Македонија поради политиката што ја водеше владата на ВМРО-ДПМНЕ која беше  меѓународно изолирана.

Извор: Независен

Back to top button
Close