Милошоски: Директорот на ,,Дрисла”, од ДУИ, бил повикан на информативен разговор

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски смета дека пожарите не се случајност со оглед на тоа што директорот на Дрисла е од ДУИ и смета дека овие намерно предизвикани пожари се со цел да се предизвика страв и паника кај граѓаните и да одредени поединци постигнат политички ефект.

„Во однос на пожарите и интензитетот по кој што се случуваат а последниот имаше и одредена видео снимка не би рекол дека пожарите се случајни, особено не пожарот во Дрисла, значи Дрисла е институција која има стандарди и норми на одлагање на смет на негово согорување ако има потреба, директорот на Дрисла е од ДУИ и знам дека бил повикан на информативен разговор и ќе се покаже и според тоа и според други сознанија дали и како се работело во ова претпријатие и дали со некое сторување или не сторување се случил тој пожар во Дрисла кој што предизвика поголемо загадување и потоа беше саниран.

Сметам дека ваквото дејствување има елементи на субверзија да се предизвика несигурност кај граѓаните, да се предизвика страв, паника, да се одвлече вниманието од надлежните институции коишто се ангажирани во борба против криминалот, да се дефокусира, да се насочат ресурсите на друга страна, па на крајот на краиштата да се постигне некој политички ефект“, рече Милошоски во емисијата „24 анализа“.

Back to top button
Close