Милошоски го обвинува обвинителството дека е алатка за притисок на власта кон неистомислениците

Откако ОЈО поднесе обвинителен акт за предметот „Моќник“ во кој обвинет е и пратеникот Антонио Милошоски тој за ТВ21 вели:

„Секој опонент на политиката на кланот Заеви кој ги разоткрива аферите на нивното крими-владеење, без разлика дали е новинар, политичар или стопанственик, се соочува со ризикот да биде неосновано обвинет, со цел да биде заплашен, а политичките прогони служат како параван зад кој ќе се кријат актуелните рекети, афери и организиран криминал на власта.
Но, се ќе има свој крај, вклучително и политичката злоупотребата на обвинители и судии од страна на власта на Заев“, вели Милошоски

Во случајот „Моќник“, пратеникот Антонијо Милошоски е осомничен дека овозможил по ниски цени да биде распродаден државен имот на негови блиски луѓе. При презентирање на случајот во 2018 година, обвинителката Фатиме Фетаи рече дека во заблуда бил донесен Советот на Општината да отуѓи и продаде задружен дом со што била нанесена штета од 50 илјади евра во 2011 година и притоа се направени кривичните дела Измама и Злоупотреба на службената положба и овластувања.

 

Back to top button
Close