Милошоски обвинува дека СДСМ безусловно прифаќа уставни измени по барање на Бугарија
Во вечерашното издание на емисијата „24 Анализа“,потпретседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, смета дека вистинска сила во преговорите може да се постигне само доколку двете најголеми политички партии настапат обединето.
„Ако ние како политичари или како две поголеми партии застанеме заеднички зад еден став, тогаш и Европската Комисија ќе не цени поинаку, и ќе имаме поголеми шанси да добиеме план Б“, вели Милошоски и додава:
Но, не можеме да добиеме подобра шанса ако претседателот на СДСМ оди во Брисел и вели дека безусловно би гласал за промена на Уставот по барање на Бугарија“, изјави Милошоски