Милошоски поднел претставка кај Народниот правобранител за одземената нотарска лиценца

Предметот е кај Народниот правобранител, тие би можеле да коментираат во оваа фаза, кусо одговори за Слободен печат пратеникот Антонијо Милошоски, за кого беше објавено дека Министерството за правда му ја одзело нотарската лиценца.

Тој ја загуби нотарската лиценца затоа што тоа е неспоиво со функцијата претставник на народот, пишува „А1он “. Министерството за правда му ја одзело нотарската лиценца согласно законот, затоа што тие две работи се неспоиви, што произлегува од Законот за нотаријат.

Милошоски доби лиценца да врши нотарска служба уште во 2016 година и тогаш бидејќи беше избран за пратеник на изборите во декември 2016 година побарал таа негова служба да се стави во мирување. Тогаш Министерството за правда веднаш му излегло во пресрет на барањето на Милошоски за „мирување“.

Back to top button
Close