Милошоски поднесе кривична пријава против Азири
Пратеникот Антонио Милошоски поднесе кривична пријава против Валмир Азири. Кривичната пријава е за ширење расистички и ксенофобиен материјал по пат на компјутерски систем.
à
Ова доаѓа откако по инцидентот со претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбр Адеми, Азири на фејсбук напиша: Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците.