Милошоски- Пред година ипол дознавме дека луѓе на Филипче и Заев со странска фирма договарале провизија за клинички

Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека добиле информација пред година и пол дека блиски луѓе до министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев во една европска престолнина разговарале со претставник на една од фирмите кои биле заинтересирани за изградба на Клиничкиот центар, при што, вели тој, се разговарало и за можна провизија.

-Затоа приказните на власта повелете ние договоривме вие правете надзор е како јас да подготвам проект за крива кула, а вие да го надгледувате и да сносите одговорност – рече Милошоски на Канал 5.

Тој додаде дека втора причина зошто ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со овој Клинички центар е законот којшто стигна во Собрание, кој, истакнува тој, не е закон за Клинички центар, туку закон за менување на законот за јавни набавки за надавање за тендери и урбанистички планови.

-СДСМ да не се откажеше и не го блокираше од веќе предвидениот проект за Клинички кој чинеше 90 милиони евра проект кој веќе беше подготвен, власта до сега ќе го имаше обновено Клиничкиот центар во Скопје – рече Милошоски.

 

Back to top button
Close