Минатата година албанско државјанство добиле 56 македонски граѓани
Во текот на минатата година државјанство на Албанија добиле 56 македонски граѓани, што е 6,2 отсто од вкупниот број издадени државјанства.
Со измените на Законот за стекнување државјанство, Албанците не се обврзани да полагаат познавање на албанскиот јазик.
Инаку, минатата година 919 лица добиле албанско државјанство, што претставува намалување од 33,5 проценти во споредба со претходната година.
-Анализирајќи ја земјата на потекло на лицата кои стекнале албанско државјанство, се забележува дека 49,1 проценти се по потекло од Косово; 13,8 отсто од Турција; 6,2 отсто се по потекло од Северна Македонија. Останатите се од други земји, а главно станува збор за спортисти, објавија медиумите.
Во меѓувреме, 472 лица се откажале од државјанство на Албанија, што претставува намалување од 45,7 проценти во споредба со 2023 година.
Во текот на 2024 година, 33,4 отсто од лицата кои добиле албанско државјанство и 41,3 отсто кои се откажале од него припаѓаат на возрасната група од 30 до 39 години.