Минатата година во ХЕЦ Шпилје кај Дебар , планот реализиран 94,8 насто

Според податоците што ги објави АД ЕСМ , во хидроцентралата  ,,Шпилје ,,кај Дебар во 2022 година, планот е реализуарн за 94,8 %. Во ХЕЦ Шпилје произведе 224.145 MWh, од планираните 236434 MWh. Оваа производство на електрична енергија  преставува   86,7%во однос на произведените 258368 MWh во 2021 година.

Планот не е реализиран ниту во хидроцентралата Глобочица . Според истиот извор во 2022 година ХЕЦ Глобочица произведе 145899 MWh, што претставува 86,5% од планираните 168737 MWh, или 90,9% во однос на произведените 160467 MWh во 2021 година.

Според податоците на АД ЕСМ , фактички во  Хидроцентралите ,,Црн Дрим,, што ги опфаќа двете хидроцентрали на реката Црн Дрим – Шпилје и Глобочица , во 2022 година ,произведе 370044 MWh, што претставува 91,3% од планираните 405171 MWh, или 88,3% во однос на произведените 418836 MWh во 2021 година.

К. Мимидиноски

Back to top button
Close