Минатата недела 12 прекршоци за неносење маски во Крива Паланка

 На подрачјето на општина Крива Паланка минатата недела се регистрирани дванаесет прекршувања на уредбата за задолжително носење маски за заштита од Ковид-19.

– Во однос на уредбата за задолжително носење заштитна опрема на подрачје на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка, во текот на изминатата недела од 17 до 24 август 2020 година, регистрирани се  12 прекршоци,  додека на подрачје на ПС од ОН Кратово нема забележано прекршувања на уредбата,  информираат од Министерството за внатрешни работи, службата за комуникација со јавност при СВР Куманово.

На подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка во моментот се евидентираат 30 лица со решенија за изолација, додека во самоизолација се пет лица.

На подрачјето на ПС од ОН Кратово има 15 лица со решенија за изолација, додека нема лица кои се во самоизолација. 

Back to top button
Close