Минатата недела собрани 36 единици крв, во петок акција во Шарена Џамија

 Собрани се 36 единици крв во текот на изминатата работна недела на подрачјето на Тетово, што е значително помалку споредено со пред две недели кога имаше 70, велат податоците на општинската организација на Црвен крст од Тетово.

Во Службата за транфузиона медицина се собрани вкупно 31 единица крв, додека пет единици крв се собрани во просториите на СВР Тетово во организирана акција. Предвидена беше и акција во Џепчиште, но беше откажана.

– Во текот на оваа работна недела ќе биде организирана крводарителска акција во просториите на Шарена Џамија во Тетово на 28 август со почеток од 13:30 до 16 часот, информира Шкљќим Мурати, секретар во Црвениот крст.

Волонтери на тетовскиот Црвен крст во текот на неделата извршија дистрибуција на онколошка терапија за пациенти, набавка на храна и лекови и други работи за изнемоштени лица.

Back to top button
Close