Минчев бара Дамјановски да не го меша Црвенковски во кампања за Костовски

Откако поранешниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски-Циц, за Радио Канал 77 изјави дека Бранко Црвенковски ниту ја создал партијата ЗНАМ, ниту ја поддржува, а дека Горан Минчев бил таму од лукративни цели, министерот за јавна администрација Минчев возврати да не го меша Црвенковски.

„Не мешај го Бранко Црвенковски во јаловите обиди да го направиш Мартин Костовски градоначалник на Куманово.

Не бива таа работа, и самиот знаеш“, вели Минчев, додавајќи дека Дамјановски е последниот кој имал право кого било да обвинува за лукративни мотиви.

Притоа, тој споменува настани од 2009 година, велејќи:

„Друже Циц, знам дека се уште не можеш да преболиш што јас бев генерален секретар, а Радмила (Шеќеринска) претседател на СДСМ, кога те исклучивме од партијата поради твоето отсуство на лична храброст да потпишеш исписница. Непристојно е, на твоја зрела возраст, друже Циц, да им правиш ќеиф на Заев и Венко и како некое учениче да ја прифаќаш улогата на носител на негативна кампања против ЗНАМ. Мене ме фаќа срам, а камоли твоите блиски“.

Според Минчев, ако Дамјановски бил 3 мандати градоначалник на Куманово, актуелниот градоначалник Максим Димитриевски заслужувал многу повеќе.

Back to top button
Close