Минчев: ЗНАМ ќе настапи со сопствени листи за советници на локалните избори

Во рамки на теренската кампања „Заедно повеќе знаеме“, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, оствари средби со граѓаните, членовите и симпатизерите во Македонски Брод и Кичево.

Средбите во овие две општини беа искористени за дијалог со младите, земјоделците и претставниците на локалниот бизнис, при што било разговарано за иселувањето на младите,  нефункционалната администрација, недостатокот на инфраструктурни инвестиции и за  потребата од децентрализација.

Минчев, меѓу другото, како што соопштуваат од ЗНАМ, најавил дека Движењето на претстојните локални избори ќе настапи со сопствени советнички листи во сите општини каде што граѓаните препознаваат потреба од нова политичка енергија и кадар без партиски багаж.

Во рамки на посетата на Македонски Брод, Минчев присуствуваше и на отворање на канцеларијата на Општинската организација на Движењето ЗНАМ, која ќе биде отворен простор за комуникација со граѓаните, предлози и иницијативи од локалната заедница.

Back to top button
Close