Минеаполис гори – воведена вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани со консеквенци по насилните протести кои избувнаа во градот Минеаполис по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд , за време на насилното приведување од страна на полицијата. „Само што разговарав со гувернерот Тим ​​Волц и му реков дека војската е на негова страна. Ако има потешкотии, ние ќе ја преземеме контролата, но кога ќе почнуваат ограбувањата, почнува пукањето “, порача Трамп преку Твитер.

 

    

USA Minneapolis | Tod George Floyd nach Polizeigewalt | Ausschreitungen & Protest (Reuters/C. Barria)

 „Овие насилници го обесчестуваат споменот на Џорџ Флојд и нема да дозволам тоа да се случи“, напиша Трамп. Трамп го обвини градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј  за „тотален недостаток на лидерство“. „Или слабиот градоначалник на радикалната левица, Џејкоб Фреј,  ќе успее да го стави градот под контрола, или ќе ја испрата, Националната гарда и ќе ја завршам работата како што треба“, напиша Трамп.

USA Minneapolis | Tod George Floyd nach Polizeigewalt | Ausschreitungen & Protest (Reuters/C. Barria)

Државниот гувернер Тим Волц синоќа ја активираше Националната гарда и прогласи вонредна состојба во Минеаполис и околните области. Националната гарда на Минесота соопшти дека повеќе од 500 војници биле распоредени во регионот Минеаполис. Нејзина задача е да го заштити животот и имотот и да обезбеди мирни демонстрации.

Инаку протестите  во Минеаполис започнаа во средата, а бесните учесници за време на вчерашните демонстрации ги ограбуваа продавниците, ги опустошуваа и ги демолираа. Градоначалникот Фреј претходно побара од гувернерот на сојузната држава Минесота да испрати воени трупи- Националата грарда.

Повод за протестите беше смртта на Џорџ Флојд, кој беше снимен за време на апсењето како се гуши додека еден полицаец со колена му го притиска вратот 8 минути. На снимката се слуша како Флојд го моли полицаецот да го попушти притисокот и му вели дека не може да диши.

USA Proteste wegen Tod von George Floyd In Minnesota (picture-alliance/ZumaPress/TNS/M. Vancleave)

Гувернерот Волц вчера повика на мир и рече оти насилството престатвува „исклучително опасна ситуација“ и ги повика луѓето да се разидат. Канцеларијата на американскиот државен обвинител и Федералното истражно биро (ФБИ) во Минеаполис соопштија дека спровеле кривична истрага поради смртта на Флојд и оти овој случај им е приоритет. Претседателот на САД Трамп во првата реакција на видеото во средата на Твитер го осуди убиството и побара да се забрза истрагата.

извор: ДВ

Back to top button
Close