Минхенска конференција: „Прво мора да го свариме ова

Длабока е шокираноста од позиционирањето на владата на Трамп. Претседателот на Латвија,Ринкевичс и другите европски политичари стравуваат од крах во трансатлантската заедница на вредности. Што понатаму?

„Мора прво да го свариме ова“, рече претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс во однос на ефектот врз Европејците што го предизвикал грубиот американски настап во Минхен во неделата наутро. Сите сега треба прво да дојдат до здив, а потоа да се концентрираат на тоа „што може да го направат“, порача тој и додаде дека беа презентирани „многу јасни изјави“ од САД. Прво, советуваше финскиот претседател Александар Стуб, иронично осврнувајќи се на обичаите во земјата, „треба убаво да се искапеме, а потоа ни треба добра сауна“. Но, потоа „мора да чуеме што сакаат САД“. Европа не треба да го потценува американскиот претседател Доналд Трамп и неговите преговарачки способности. Дополнителна доза на северно-европски прагматизам од Стуб за Европејците кои се тетерават меѓу шок и вознемиреност, беше советот дека „треба помалку да зборуваме и повеќе да дејствуваме“.

 

Трамп застранува од трансатлантската заедница на вредности

Не се работи само за аподиктичната одлука на американскиот претседател да води директни разговори со рускиот претседател за завршување на војната, без претходни консултации со Украинците и Европејците.

 

Во Минхен беше студено во секој смисол, посебно за ЕвропејцитеВо Минхен беше студено во секој смисол, посебно за Европејците

Во Минхен беше студено во секој смисол, посебно за ЕвропејцитеФотографија: Matthias Balk/dpa/picture alliance

Не се работи само за брзото „темпо на Трамп“ со кое Вашингтон ги информираше Украина и нејзините партнери во НАТО дека нападнатата земја ќе мора да се откаже од териториите окупирани од војниците на Путин, како и од членството во НАТО. Тоа што веројатно најмногу ги вознемири и масовно ги иритираше европските учесници на безбедносната конференција, беше вртењето грб од водечката западна сила на темелите на т.н. трансатлантска заедница на вредности. Фактот дека заменикот на Доналд Трамп, Џеј Ди Венс, во својот говор ја таргетираше Европа како фактичкиот противник на Америка и ги спореди наводните демократски дефицити на европските сојузници со советските методи на угнетување, ги згрози Европејците во Минхен.

 

Зеленски со предупредување за Европа

Досегашната извеснот дека САД и нивните европски партнери во НАТО се посветени на истите вредности, е значително поткопана. Кандидатот за канцелар на ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц, прецизно го сумираше викендот со зборовите дека „ова е навистина промена на ерата. Пресвртница“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е ставен под притисок и во тесно од постапките на американскиот претседател, доби аплауз како ниту еден друг говорник во Минхен. Во акустичната поддршка за апелот на Зеленски дека Украина е последното упориште пред натамошна експанзија на Русија кон Западот и дека Европа мора да се подготви за такво сценарио, се отсликуваат две нешта. Прво, разбирливата загриженост на европските држави кои ја поддржуваат Украина, дека Трамп би можел да ги стави пред свршен чин, како и сознанието дека Украина во изминатите три години беше поддржувана без забележлива стратегија и притоа и недоволно.

 

Шефицата за надворешна политика на ЕУ со барање

Зеленски отворено призна дека не верува во „безбедносни гаранции без САД“. Колку и да инсистираше украинскиот претседател на тоа дека не може да има преговори за прекин на борбите без Украина, од европска страна го слушна само ехото на неговите барања. Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, го формулираше ставот дека без европско учество во идното мировно решение „не може да има мир во Европа“. Украина не само што мора да биде вклучена во претстојните американско-руски разговори, туку мора да биде и во позиција да одлучува за својата судбина. Претставникот на Трамп за Украина, поранешниот генерал Кит Келог, во Минхен брзо контрираше на таквите амбиции и ставот на владата на Трамп во однос на досегашната политика на Западот за Украина го формулираше со зборовите дека „сѐ додека е потребно, не е стратегија“. Со противниците мора да се разговара, тоа не е нешто што човек може да си го избере, порача генералот. (Dw)

Back to top button
Close