Минималната синдикална кошничка за август се зголемила за 179 денари споредено со јули
Со изнајмен стан од 60 квадрати, вкупните трошоци досигнуваат и до 80 882 денари
За речиси три евра или 179 денари пораснала вредноста на синдикалната минимална кошница за август споредено со јули, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.
Согласно новите пресметки за месецов, кошничката изнесува 65 507 денари или 1 064 евра, што значи зголемување од 179 денари во споредба со минатиот месец, кога изнесуваше 65 328 денари. Во споредба со периодот пред укинувањето на владините мерки, пак, кошницата е зголемена за 2 816 денари, односно 46 евра или процентуално 4,49 отсто.
„Во категоријата храна и пијалаци, вредноста за август е 24 064 денари, што е зголемување од 382 денари во однос на јули. Во однос на претходниот период, по укинувањето на мерките, оваа категорија бележи раст од 2 584 денари, односно 12,09 отсто“ велат од ССМ.
Со изнајмен стан од 60 квадрати, пак, вкупните трошоци за август достигнуваат и до 80 882 денари.
Од другите категории, како што посочуваат од ССМ, трошоците за облека и обувки се намалени за 114 денари, за лична хигиена има намалување од 74 денари и за транспортот се намалена за 16 денари.