„Министер не може да основа високообразовна установа“Шаќири демантира за медицински факултет на Мерко
По објавата дека на меѓународниот универзитет на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ќе се додаде и факултет за медицински науки, се огласи министерот за образование Јетон Шаќири, кој ja дал дозволата за тоа.
„Би сакал да појаснам дека министер не може да основа високообразовна установа. Тоа е цела постапка во која се инволвирани повеќе надлежни институции и органи, а меѓу нив и Министерството за образование и наука кое во суштина, има најмалку надлежности.
Инаку, како и за повеќе други факултети, така и за овој – Факултет за здравствени науки каде ќе има тригодишни студиски програми за медицински сестри, а не студии за доктори, по доставениот извештај од страна на комисијата во МОН, потпишав Решение за исполнетост на условите за почеток со работа на високообразовната установа. Ништо противзаконски и ништо самоволно“ објасни Шаќири.
Инаку, ова ќе биде шестиот факултет по медицински науки во Македонија.