Министерката Кочовска во кабинет го примила сопартиецот Лукровски кандидат за градоначалник.Си разговарале за изборите ?!
Министерката за динансии, Гордана Димитрорска Кочовска, на својот фејсбук профил се пофали за “конструктивна средба со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош”.
-Пријателска и конструктивна средба со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, и пратеникот Тони Јаревски.
Разговаравме за претстојните локални избори и за важноста на визијата и одговорниот пристап во управувањето со општините.
Карпош заслужува нова енергија посветена на граѓаните, чесна и ефикасна локална власт- напиша таа.
Она што недостасува во објавата на министерката е образложение за фејсбук објава направена во работно време за средба со партиски кандидат. Дали министерката е влезена во предизборна кампања која ја реализира во работните часови?
Експресно со коментар на објавата на фејсбук се јави екс председателката на ДКСК Биљана Ивановска со осуда за „седенката“ на министеркатаа за финансии со партискиот колега кандидат за градоначалник.


