Министерката Шахпаска на ТВ Стар: Помош и поддршка на ранливите категории на граѓани и зачувување на секое работно место беа клучни приоритети во време на пандемија

„Во време на пандемија, воспоставивме два приоритети, адресирање на  проблемите на најранливите категории на граѓани и зачувување на секое работно место“, истакна министерката Шахпаска во гостувањето на емисијата „Што мисли Народот“ на Телевизија Стар.

Таа посочи дека преку олеснување на пристапот  до Гарантирана минимална помош беше овозможен опфатот на лицата на кои помошта им беше неопходна, да се зголеми за нови 6500 домаќинства.

„Ако во февруари минатата година  27.500 домаќинства беа  приматели на Гарантирана минимална помош, оваа година во месец мај 34.000 домаќинства влегоа во системот на социјална заштита. Додека пак, од 12.000 деца во февруари минатата година приматели на образовен додаток, оваа година 25.000 деца станаа приматели на овој додаток.

Министерката ја истакна и работата на Економско социјалниот совет како многу значајна во креирањето на шесте пакети економска помош. Пакет мерки кои спасија 80.000 работни места.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close