Министерот Андоновски: Помина времето кога СДСМ беше и обвинител и судија во оваа држава

Реакција на министерот Стефан Андоновски

Ја поздравуваме одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да ги разгледа сите наводи – и лажните на СДСМ и фактите кои ќе ги доставиме веднаш штом бидат побарани од Министерството.

Јавноста не е со кратка меморија за каква што ја смета Кузеска и СДСМ. Свежи се сеќавањата за грабежот и безредието од владеењето, кога тогашната Власт имаше свои омилени фирми на тендерите, и оние кои се склучуваа во 4 очи во АД ЕЛЕМ, МВР, Министерство за одбрана и ФИТР. Долга е листата на коруптивни скандали кога е во прашање владеењето на СДС со ДУИ, криминалот со јавните набавки е знак за распознавање на ова дуо.

Тоа е причината за расфрлањето со лаги, за да се покрие откривањето нови случаи во ФИТР, но и во Управата за матична евиденција. Што се однесува на случајот со јавната набавка во МДТ, СДСМ веќе трет ден се обидува да ја манипулира македонската јавност. Убедени сме во законитоста на постапките и стоиме на располагање на сите надлежни за целосно расчистување на случајот со информации и документи за оваа или други процедури за јавни набавки, за што повика и Министерот на прес конференцијата.

Јавните набавки во Министерството се прават на начин кој заштедува и до 40% од средствата на граѓаните, во постапки за кои нема жалба затоа што се водат законски, транспарентно и отворено. Во понатамошниот период нема да го коментираме овој случај, за да се остави простор и објективност на ДКСК и другите институции во постапувањето и за да се избегне било каков потенцијал за влијание.

Кога ќе се потврди дека Министерот Андоновски нема никаква вмешаност во криминал, корупција или судир на интереси, како што набедува и клевети СДСМ, Богданка Кузевска и нејзината партија треба да бидат подготвени за пријави за клевета и навреда.

Стефан Андоновски

Back to top button
Close