Министерот Беким Сали : на дебарската болница и е потребен кадар и опрема  

Министерот за здраство  Белим Сали при посетата на Дебарската болница изјави дека и  се потребни инвестиции за опрема но и спацијализиран кадар . Сали на средбата со новата директорка на болницата во Дебар  др.  Севдие Коџа беше информиран за севкупната кадровска состојба во оваа институција , по заминувањето во пензија  неколку лекари специјалисти . Министерот информираше дека  актуелниот кадар во Дебар  дава се од себе за да биде на услуга на граѓаните и нивните потреби. ,, Болницата во Дебар веќе подолго време се соочува со недостиг на инвестиции, како во кадровско планирање, така и во професионална опрема,, нагласува Сали на својот ФБ профил . Тој додава дека во разговорот со пациентите, лекарите и персоналот на оваа болница, констатиравме дека на болницата во Дебар и се потребни инвестиции во опрема и кадар за да се обезбедат најквалитетни здравствени услуги. Мојата следна посета на оваа болница ќе биде  посета на пуштање во употреба на нова опрема, вели министерот за здраство .

Инаку деновиве од  дебарската болница која се грижи за здравјето на населението  од општините Дебар , Центарв Жупа и дел од општина Дебар во пензија заминаа двајца познати специјалисти , со што се зголеми потребата од професионален кадара, бидејки и претходно во болницата недлостигаше лекарски кадар .

КМ.

Back to top button
Close