Министерот Чулев на средба со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев
Во посета на Општина Кавадарци денеска беше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, информираа од локалната самоуправа.
-Министерот откако беше на терен низ град Кавадарци, го посети и кабинетот на градоначалникот м-р Митко Јанчев. На средбата се разговараше за актуелните теми кои го засегаат граѓанското општество, како и за состојбата во која се наоѓа Општина Кавадарци, соопшти локалната самоуправа.
Министерот, се додава во соопштението, се запозна и со реализираните проекти на општината кои се однесуваат на безбедноста на граѓаните.